Sredstva za manipulacija vo kontejnerizacijata (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 22 | Nivo: Tehnicki Fakultet Bitola
Вовед :
Натоварот и истоварот на стока и контејнери го
нарекуваме и дефинираме како механизација на претовар или со еден збор
претовар. Често од странските јазици се преведува како процеси на ракување со
материјалот ( Materials handling ; Umschlag Prozesse ; Погрузочно-разгрузочние
работи ) или претоварни процеси.
Претоварот на стока и контејнери се појавува во
сите фази на репродукциониот процес, и тоа по правило секогаш кога постои
потреба стоката да премине од едно работно или транспортно средство на друго во
индустријата, трговијата, и сообраќајот.
Претоварот е елемент на структурата на секој :
Транспортен систем ,
Складишен систем и ,
Производен систем .
Во рамки на производствената репродукција
претоварните и манипулативните процеси обезбедуваат реализација на четири
основни функции :
Просторно изедначување,
Временско изедначување ,
Квантитативно изедначување и ,
Изедначување на асортимани
Со цел од поблиску да се запознаеме со
претоварната механизација и средствата во склоп на контејнеризацијата го
реализиравме овој семинарски труд движејки се паралелно со развојот на
контејнеризацијата.
За ракување (транспорт, претовар и сложување) на
контејнери развиени се голем број средства со различни функционални
карактеристики. Од функционални причини произлегуваат и значајни отстапувања во
доменот на инвестициски и експлоатациски трошоци, што го отежнува изборот на
најцелисходна технологија на работата т.е. го компликува процесот проектирање.
Заради неможноста да се постават остри граници меѓу поедини групи средства од
оваа фамилија, тешко е да се формира комплексен и конзистентен класификациски
систем, заради што обично се преминува кон нивна класификација во неколку групи
:
Помошни уреди, колички и специјални облици за
надградба на возилата.
Портални возила за ракување со континери
Контенерски вилушкари
Дигалки за претовар на контејнери
Помошни уреди, колички и специјални облици за надградба
на возила
Наједноставно техничко средство за транспорт на
контејнери кое првенствано се користи во индустрискиот транспорт, при мали
обеми на работа е систем од четири потпори со тркала кои се фиксираат за ушките
на континерот. Потпорите се составени од плочи со мали димензии на кои од
горната страна се наоѓаат чепови за поврзување со ушките на континерот а од
долната страна е фиксирано тркалото. Предните тркала имаат можност за ротација
околу вертикална оска, што е неопходно заради управување. Рудата се состои од
два стапа чии задни краеви се поврзуваат со потпорите а слободните краеви се
спојуваат во една точка заради поврзување со потпорите, а слободните краеви се
спојуваат во една точка заради поврзување со елементот за влечење на влечното
возило. За да можат потпорите со тркала да се постават на ушките, контејнерот
мора да се подигне со дигалка т.е. да се одвои од подлогата врз која лежи. За
подигање може да се користи систем со четири столбни дигалки.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!